Трамп открил што му фалело на самитот: Ќе беше подобро Путин да седеше покрај мене! А сега морам да му се јавам на телефон!

Точка

14/06/2018

15:18

2.178

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп зборувал за состанокот "G7" во Канада и рекол дека ќе било подобро да дошло до препород на "G8", бидејќи присуството на Русија би помогнало да се решат бројни прашања.

Трамп во интервјуто за "Fox News" рекол дека тој и другите светските лидери би имале многу подобар однос со Москва ако на самитот присуствувал и рускиот претседател Владимир Путин. 


"Доколку Владимир Путин наместо некој друг седеше покрај мене на масата, јас ќе речев: "Дали би ми направиле услуга и би заминале од Сирија? Дали би ми направиле услуга и би излегле од Украина?" Мислам дека би имал добри односи со него. Можеби ќе имаме подобар разговор отколку кога зборуваме на телефон", додал претседателот на САД.

Трамп додал дека неговата политика кон Русија е поцврста од таа на Обама, како и тоа дека "тој не е за Русија, туку за САД".



Спонзорирани линкови

Маркетинг