Приведени десетмина на вчерашниот протест, со шипки гаѓале кон полицијата

Макфакс

14/06/2018

14:01

1.512

Големина на фонт

а а а

Десет лица привела полицијата на вчерашниот протест против промена на името, поради нарушување на јавниот ред и мир. Демонстрантите гаѓале со шишиња и шипки врз полицајците и кон Собранието, а меѓу нив имало и маскирани со „фантомки“.

„За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“ кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален)“, информираат од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг