(ВИДЕО) „Мајкрософт“ потопи 864 сервери во Атлантскиот океан

Точка

14/06/2018

13:27

4.551

Големина на фонт

а а а

„Мајкрософт“ тестира користење на подводен центар за податоци во рамките на проектот „Natick“. Експерименталниот објект бил внесен во контејнер а сега се наоѓа на морското дно во крајбрежјето на Шкотска.

Мајкрософт е во потрага за поефикасно ладење на нивните сервери, па затоа истите потонале во Атлантскиот Океан, во близина на шкотскиот брег.


Бидејќи центрите за обработка на податоци исфрлаат поголемо количество топлина, компаниите се стремат да ги постават во држави со ладна клима, намалувајќи ги на тој начин трошоците за ладење на опремата. Ова, заедно со водата за ладење, ја предодредува одлуката на „Мајкрософт“. Тој сега се справува со новиот, револуционерен метод за подводно ладење, со кој експериментирал во изминатите пет години. Претходно ваквите провајдери биле потонати кај брегот на Калифорнија за пет месеци во 2015 година.

Новиот центар на податоци, кој сега е сместен на дното од Атлантскиот Океан во близина на шкотскиот брег содржи дури 864 сервери, каде на располагање има 27,6 петабајти меморија, што е доволно за складирање на околу пет милиони филмови. Центарот ќе остане во Атлантикот во наредните пет години и ќе биде напојуван со подводен кабел и обновлива енергија. Проектот е наречен “Natick“, и “Мајкрософт“ се надева дека со помош на експериментот ќе добијат корисни информации во врска со нивниот дизајн и оперативните трошоци, со цел да утврдат дали овој тип на центар за податоци треба да влезе во широка употреба низ целиот свет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг