Големо дерби уште во првото коло од новата сезона во Премиер лигата

Дерби

14/06/2018

11:29

1.486

Големина на фонт

а а а

Од англиската Премиер лига штотуку го објавија целосниот распоред на натпревари во пресрет на сезоната 2018/19.

Шампионот на Англија, Манчестер Сити новата сезона ќе ја отвори со гостување на „Емирејтс“ кај „реновираниот“ Арсенал.

Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на тимот на Лестер, Челси ќе гостува кај Хадерсфилд, а пак Ливерпул за противник во првото коло го доби незгодниот тим на Вест Хем.

Арсенал се чини ќе го има најтешкиот старт во Премиер лигата затоа што веќе во второто коло оди на гости кај Челси, за во третото да биде домаќин на тимот на Вест Хем.

Градското дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се одигра на 10 ноември, додека пак најголемата дерби пресметка во Англија меѓу Ливерпул и Јунајтед на програмата ќе биде на 15 декември.

Сезоната започнува во сабота на 11 август, а комплетниот распоред на натпревари, кој секако е подложен на менување, може да го погледнете ОВДЕ.

Сите натпревари од 1. коло во Премиер лигата:

Бурнемут- Кардиф

Арсенал- Манчестер Сити

Фулам- Кристал Палас

Хадерсфилд Таун- Челси

Ливерпул- Вест Хем

Манчестер Јунајтед- Лестер

Њукасл- Тотенхем

Саутемптон- Барнли

Вотфорд- Брајтон

Вулверхемптон- Евертон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг