Сосема се "распадна": Бразилскиот фудбалер Нејмар се врати во поранешниот дом каде порасна, а емоциите го совладаа

Точка

14/06/2018

10:52

6.168

Големина на фонт

а а а

Единствениот фудбалер од кој на Светското првенство можеби се очекува многу повеќе од Лионел Меси е неговиот соиграч Нејмар. Аргентичкиот волшебник е единствениот играч со помал коефициент на обложување за првиот стрелец во Русија отколку за бразилскиот кец.

На фудбалот му се врати во Енфилд каде го одигра пријателскиот натпревар против Хрватска и докажа дека три месеци пауза поради повреда не оставиле трага на него. 

Но, во тој период на мирување доживеал еден емотивен момент, што Бразилците овие денови можеле да го погледнат на телевизија, а ние на Интернет.

Имено, бразилската телевизија во соработка со семејството на Нејмар направиле верна реплика на неговиот стан во кој пораснал во Сан Винсент. Го пуштиле да влезе внатре и ги снимиле неговите реакции, а само што ја отворил вратата од својата соба се расплакал.


Неговата соба била обновена до најмалиот детаљ, вклучувајќи ги и неговите лични предмети, како првите фудбалски трофеи.

Емоциите го совладааа, па потоа влезе и неговото семејство, сестрата Рафаела и девојката Бруна Маркезин.


"Ме погледна и ме праша: "Зошто мајко?" Не знаев што да му одговорам", рекла неговата мајка Надин.

Нејмар со семејството порасна во многу сиромашни услови, а денес припаѓа на листата на најбогатите спортисти на светот. Неговиот трансфер од Барселона во ПСЖ чинеше рекордни 222 милиони евра, а неговите месечни примања само од договорот се 3 милиони евра, односно 100.000 евра на ден.


Но, само за момент се вратил во сосема другите денови и се "распадна". Меѓутоа, тој им се заблагодари на телевизијата за оваа неверојатна посвета, така што сега физички и психички подготвен пристигна во Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг