Путин и Трамп договараат средба, вели висок претставник од САД

Макфакс

14/06/2018

10:24

267

Големина на фонт

а а а

Москва и Вашинтон ја истражуваат можноста за состанок помеѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Ова го изјави посебниот советник на американскиот претседател и директор за Европа и Русија, при американскиот Национален совет за безбедност, Ричард Хукер.

„Ништо не е одлучено, ниту се разгледувани деталите, но верувам дека двете страни ја истражуваат можноста да се обидат да направат такво нешто“, изјави Хукер за агенцијата ТАСС.

Според неговите зборови, Белата куќа ја разгледува Австрија како место на кое би можела да се случи средбата.

„Сигурен сум дека се разгледува таа опција, но ништо не е одлучено“. рече тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг