„Ефимерида“: Договорот ќе се потпише викендов во Преспа, покани испратени до Нимиц, Могерини, Хан…

Макфакс

14/06/2018

09:52

3.464

Големина на фонт

а а а

Договорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се потпише в сабота во Преспа, пишува грчкиот весник „Ефимерида“, наведувајќи дека покани биле испратени и до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, до медијаторот Метју Нимиц и до високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

Предвидено е договорот да го потпишат шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во Преспа ќе допатуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Во зависност од тоа како ќе помине средбата на Ципрас со лидерите на политичките партии во Грција и неговото обраќање во парламентот, можно е потпишувањето да биде одложено за в недела, 17 јуни.

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во интервју за приштинската телевизија Т7, исто така најави дека договорот меѓу Атина и Скопје ќе биде потпишан в сабота.

„Договорот ќе го потпишат премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во присуство на највисоки претставници на Европската унија“, рече Ахмети, не прецизирајќи каде ќе се случи потпишувањето. Тој додаде дека имало неколку опции за името на државата, но дека „Република Северна Македонија“ е конечната која е договорена меѓу двете влади и која ја прифати и албанскиот фактор во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг