Жестоката битка за јеменскиот град трае: Саудиските авиони напаѓаат од воздух, армијата на ОАЕ ги напаѓа бунтовниците од копно...

Точка

14/06/2018

09:46

3.356

Големина на фонт

а а а

Деновиве изби големата битка за јеменскиот град Худајда – армиите на Саудиска Арабија и Обедиентите Арапски Емирати ги нападнаа позициите на јеменските Хути бунтовници.

Како што пренесуваат тамошните извори, во тек е жестока битка за најголемото јеменско пристаниште Худајда. Да потсетиме, овој град на југозападот на земјата е под контрола на Хути бунтовниците, а сега нивните позиции се најдоа на удар на армиите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Саудиската телевизија „Ал Арабија“ објави дека операцијата која што има за цел заземање на пристаништето Худајда е и официјално започната и дека се водат жестоки борби со Хути бунтовниците.


Саудиските сили се задолжени за воздушна поддршка, додека пак копнениот напад го предводат силите на Обединетите Арапски Емирати. Според саудиски извори, биле нападнати позициите на Хутите јужно од воздушната база.

Извори поврзани со бунтовниците исто така пренесуваат дека се водат жестоки борби јужно од воздушната база, додека истовремено траат интензивните воздушни напади долж целата провинција кои што ги изведува саудиското воено воздухопловство.

Силите на отпорот тврдат дека уништиле еден воен брод на Обединетите Арапски Емирати кој што се наоѓал во близина на јеменскиот брег и дека саудиските хеликоптери пристигнале да им пружат помош на силите кои што биле на бродот.


Американски “Wall Street Journal” пренесува дека американските сили активно соработуваат со саудиската коалиција и им даваат разузнавачки податоци во врска со тоа каде да ги изведуваат воздушните напади саудиските воени авиони.

Обединетите нации предупредуваат дека можно е да избие хуманитарна катастрофа и од таму тврдат дека постои опасност бројот на загинати да се мери дури и по стотици илјади жртви, но се чини дека завојуваните страни не се грижат премногу за тоа во овој момент. Саудијците се надеваат дека додека Јемен не е во фокусот на светската јавност, оваа голема битка ќе заврши и тоа ќе биде почетокот на крајот на бунтот на Хутите во Јемен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг