Мундијалот само што не започнал: Кои светски политичари ќе отпатуваат во Русија да го бодрат својот тим, кои нема и зошто?

Точка

13/06/2018

17:31

1.729

Големина на фонт

а а а

Откако се заостриле односите меѓу Русија и Украина, но и Русија и Западот, од сите страни може да се слушнат повици за бојкот на Мундијалот во Русија, како вид на протест против руската надворешна политика.

Светското првенство во фудбал почнува за два дена, а освен оние најсреќните кои се наоѓаат на самото место, гледачите ширум светот со нетрпение го очекуваат почетокот на овој спектакл. 

Националните тимови од земјите кои оваа година ќе учествуваат на натпреварувањето, веќе допатувале во Русија и ги одработиле првите тренинзи, а интересно е дека, освен тоа, многу внимание привлекува и списокот на државници кои би требало да се појават во публиката.

Кој нема да присуствува на СП?

Откако се заостриле односите меѓу Русија и Украина, но и Русија и Западот, од сите страни може да се слушнат повици за бојкот на Мундијалот во Русија, како вид на протест против руската надворешна политика. Досега, бојкотот го поддржале Украина, Велика Британија и Исланд. Украина поради долгогодишните судири, а Британија и Исланд поради труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Украинските политичари дури и ги повикале навивачите да не патуваат во Русија, а националната телевизија одбила да ги пренесува натпреварите. Сепак, љубителите на фудбалот, кои го ставаат спортот над политиката, ќе можат да уживаат во натпреварите бидејќи ќе има преноси на другите телевизии.

Светското првенство нема да го следи ни претседателот на Аргентина, Маурисио Макри, иако тоа било најавено, но не станува збор за бојкот на Русија и политиката која ја води Путин, туку економската ситуација во земјата.

За бојкот размислуваат и политичари од Шведска, Данска и Полска.

Во Русија патуваат лидерите на Франција, Бразил, Јужна Кореја

Меѓу државите чии претседатели или премиери ја потврдиле посетата на Русија во текот на Светското првенство, засега се наоѓаат Франција, Саудиска Арабија, Бразил, Јужна Кореја и Боливија.

При неодамнешната посета на Русија, францускиот претседател Емануел Макрон рекол дека ќе отпатува на Светското првенство, но само ако Франција влезе во полуфинале.

Саудискиот принц Мохамед бил Салман потврдил дека оваа недела ќе присуствува на свеченото отворање на првенството.

И претседателот на Бразил, Мишел Темер, ја прифатил поканата на Русија да присуствува на Светското првенство, а познато е дека Владимир Путин во 2014. година повеќе пати ја посетил таа земја.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, исто така го прифатил повикот на рускиот претседател.

Амбасадата на Боливија во Москва го потврдила доаѓањето на претседателот Ево Моралес, кој во Русија ќе допатува следната недела.

На Светското првенство најверојатно ќе отпатува и белгискиот крал, мечот меѓу Белгија и Тунис сигурно ќе го гледа министерот за надворешни работи Дидер Рејндерс, кој го прифатил повикот на Сергеј Лавров.

Ангела Меркел, која инаку со задоволство патува преку целиот свет да го бодри германскиот тим, се уште не го потврдила доаѓањето на Мундијалот, но најавила дека постои таква можност.

Новиот премиер на Шпанија, Педро Санчес, се состанал со националниот тим на својата земја, но се уште не е познато дали ќе отпатува за Русија.

Кој се е повикан да присуствува на СП во Русија?

Меѓу државниците кои се повикани да ја посетат Русија во текот на светското првенство се и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос, претседателот на Португалија Марсело Ребело, претседателот на Иран Хасан Рохани, како и премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.

Повик е пратен и до претседателите на Костарика, Египет, Мексико, Мароко, Нигерија, Панама, Перу, Швајцарија, Тунис и Уругвај, како и до премиерот на Австралија.

Русија за прв пат е домаќин на едно Светско првенство, кое ќе се одржи од 14. јуни до 15. јули во дури 11 градови на 12 стадиони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг