Трамп брутално го нападна оскаровецот Роберт Де Ниро: Тој е човек со многу низок коефициент на интелигенција

Точка

13/06/2018

15:01

3.553

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател возврати на срамниот напад на оскаровецот Роберт Де Ниро и популарниот актер го нарече „човек со многу низок коефициент на интелигенција“, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Роберт Де Ниро за време на церемонијата за доделувањето на наградите „Тони“, на сцената на њујоршкото „Радио Сити“, најавувајќи го музичарот Брус Спрингстин, ненадејно извика: „Ќе кажам само една работа. Е** го Трамп“.

Свеченоста се пренесуваше во живо, а наградите „Тони“ се доделуваат за најдобрите претстави на Бродвеј, а само минатата година преносот во живо го гледале 6 милиони луѓе.


Два дена после ваквиот срамен испад на Роберт Де Ниро, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп кој што ја видел навредата на телевизија и порача дека „вистински верува дека актерот можеби е бунтовен затоа што пати од повреда на мозокот“.

„Роберт Де Ниро, човек со многу низок коефициент на интелигенција, во филмовите прими премногу удари во глава од вистинските боксери. Го гледав синоќа и навистина верувам дека можеби е бунтовен поради повреда на мозокот“, напиша Доналд Трамп на социјалната мрежа Твитер.


„Претпоставувам дека не сфаќа дека состојбата со економијата е подобра од било кога, вработеноста е рекордно висока, а многу компании се враќаат во земјата“, напиша Доналд Трамп.

Прославениот холивудски актер, Роберт Де Ниро доби Оскар за улогата на американскиот боксер во филмот “Raging Bull” во 1980-та година. Де Ниро во боксерскиот ринг се врати во 2013-та година во филмот “Grudge Match”, а во 2016-та година во филмот “Hands of Stone” глумеше боксерски тренер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг