Свилановиќ: Овој историски договор дава нов ветар во грб за натамошен развој

Макфакс

13/06/2018

09:44

1.103

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Горан Свилановиќ го поздрави договорот за името, оценувајќи дека тој претставува вистинско охрабрување за целиот регион на Југоисточна Европа, а особено за Западен Балкан, бидејќи покажува дека и најтешките прашања може да се решат ако за тоа постои решителност и визија за подобра иднина.

„Овој историски договор дава нов ветар во грб не само на меѓусебната соработка, туку и на натамошниот економски развој и процесот на европската интеграција на регионот. Искрено се надевам дека овој храбар чин на лидерство ќе биде дочекан со иста доза на одлучност од страна на нивните партнери во Европската Унија и НАТО“, порача Свилановиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг