Заев и Димитров ќе го информираат претседателот за договорот со Грција

Макфакс

13/06/2018

09:38

1.130

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во 10 часот ќе го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција за спорот што оваа земја го има со уставното име на Македонија.

Според официјалните изјави на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас договорено е новото име на Македонија – Република Северна Македонија (Republic of North Macedoniia) со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во Уставот.

Јазикот е македонски без фуснота – потврден од ООН, националноста е – македонска/граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia). Новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји. На внатрешен план новото име на земјата ќе се употребува по отворање на поглавјата за преговори за членство во ЕУ, но не подоцна од пет години од потпишување на договорот.

Тој станува валиден кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји. По уставните промени, кои ќе следат по евентуален успешен референдум, договорот се ратификува во парламентот во Грција. При тоа ќе се ратификува и договорот за името, но и протоколот за полноправно членство на Македонија во НАТО. Оттогаш почнува меѓународната употреба на новото име.

Ќе дојде до промена на ознаката на регистарските таблички на возилата, наместо МК – НМК, а остануваат да важат кодовите МК и МКД. На 28 јуни годинава, Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија. На 12 јули на самитот на НАТО Македонија да добие покана за членство во алијансата како нејзина 30-та членка. Договорот ќе биде презентиран пред сите политички субјекти во државата, а потоа потпишан од претставници на двете влади, после следува ратификација во Собранието.

Договорот се очекува да биде потпишан викендов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг