Мицкоски: Ова е тежок ден за Македонија, ова е капитулација

Макфакс

12/06/2018

20:48

4.859

Големина на фонт

а а а

Денеска е тежок ден за Република Македонија. Пред малку видовме како на прес-конференција поразот се прикажува како победа. А тоа што е од порано стекнато како правото на јазик и националност – да се прикаже како лажна победа.

Колку и да обидува Заев да покаже еуфоричност, со сила да се насменува, од далеку се гледа дека ова е пораз.Тоа е чувството на граѓаните – потиштеност и горчина, рече на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, наместениот договор е прифаќање на сите грчки позиии и во својата основа може да се нараче т.н договор. „Ако постигнатиот т.н договор е прифаќање на промена на Уставот и внатрешна и надворешна употреба на името, тогаш тоа е договор за капитулација на Зоран Заев. Лошиот исход е резултат на неспособноста на Зоран Заев и невештата дипломатија која што ја водеше во изминатиот период. Бараме т.н договор кој што Заев има намера да го потпише со Ципрас веднаш да ни го достави. Сите мои однапред планирани обврски надвор од Македонија ги откажав и ќе бидам во земјава“, порача Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг