Томевски: Во пожарот во Дебар Маало оштетени се три стана, пожарникар повреден при интервенцијата

Макфакс

12/06/2018

15:54

1.004

Големина на фонт

а а а

Три стана, од кои еден дуплекс, биле опожарени денеска во огнот што зафати зграда во скопската населба Дебар Маало, изјави Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада.

Како што изјави Томевски за „Макфакс“, гаснењето се одвивало во отежнати услови поради дрвената конструкција и пукнатите водоводни цевки.

„Опожарени се три стана на 4. и 5. кат“, рече Томевски и додаде дека во пожарот нема жртви, но при интервенцијата еден од пожарникарите добил повреда кога се лизнал по скалите.

Според кажувањето на станарите, се слушнало експлозија од болјер, а во моментот кога избувнал пожарот во станот од зградата имало две деца што ги предупредиле другите станари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг