ТЕ „Осломеј“ ќе се исклучи, се вклучува Блокот 2 во РЕК „Битола“, соопшти ЕЛЕМ

Макфакс

12/06/2018

15:44

1.290

Големина на фонт

а а а

АД ЕЛЕМ соопшти дека ќе ја исклучи термоелектраната „Осломеј“ и на нејзино место ќе го вклучи Блокот 2 во РЕК „Битола“.

„И покрај тоа што дефектот на системот за водно отпепелување е отстранет и ТЕ ‘Осломеј’ може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места“, информира ЕЛЕМ.

Од компанијата додаваат дека Блокот 2 во РЕК „Битола“ е веќе во мрежа по превентивниот зафат во текот на викендот и може непречено да се вклучи во производниот процес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг