Попладне услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за град

Макфакс

12/06/2018

15:42

1.299

Големина на фонт

а а а

Денес во попладневните часови, претежно во планинските региони, ќе има услови за појава на изолирана нестабилност проследена со појава на локален пороен дожд и грмежи.

Утре од пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град.

Во Скопската Котлина, претежно во попладневните часови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, некаде со појава на град и проследени со повремено засилен ветер.

И во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, локално процесите ќе бидат и во форма на невреме. В петок се очекува врнежите да бидат пообилни. Во овие денови утринските и дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг