Изгаснат пожарот во Дебар Маало, жртви нема

Макфакс

12/06/2018

15:01

1.327

Големина на фонт

а а а

Нема жртви, ниту повредени станари од пожарот кој околу пладне избувна во зграда во скопската населба Дебар Маало.

Пожарот избувнал во станот на поткровјето од зградата на у. Дебарца, спроти Министерството за одбрана.

Според очевидците, во моментот кога избувнал пожарот, во станот имало две деца кои ги предупредиле останатите станари.

Од Противпожарната служба интервенирале со шест возила, а според првичните претпоставки причина за пожарот најверојатно бил бојлерот од тоалетот во станот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг