Заев се надева дека денеска ќе има договор по разговорот со Ципрас

Макфакс

12/06/2018

13:23

2.401

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев се надева дека денеска ќе биде постигнат договор за спорот за името по телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Заев не сакаше да потврди дали Република Северна Македонија ќе биде новото име повторувајќи ги предлозите на Нимиц што беа во игра.

– Вчера имавме навистина квалитетно унапредување на разговорите. Се надевам дека денеска ќе можеме нешто убаво да ѝ соопштиме на јавноста. Реков дека сум оптимист и оти е возможно да се постигне договор, но денеска имаме уште еден суштествен разговор, за мене многу важен. Се надевам дека ќе ги заокружиме сите аспекти за да го исполниме очекувањето на двете страни – рече Заев и додаде дека ако денеска се постигне договор, веднаш ќе се договорат и агендите на сооопштување и информирање на сите политички фактори и на граѓаните, како и агендата за евентуално потпишување на договорот во однос на написиите во грчките медиуми дека договорот ќе се потпише викендов во Преспа.

Тој нагласи дека најважно е референдумското изјаснување на граѓаните.

– Референдумот е многу важен за решавање на името – рече Заев и ги повика сите политички партии, особено претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да внимаваат во изјавите и да им помогнат на граѓаните полесно да се изјаснат на референдумот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг