Кога Фатиме Фетаи почна да го испрашува, му се слоши на рибарот сведок во случајот „Монструм“

Макфакс

12/06/2018

12:59

2.436

Големина на фонт

а а а

Судијата Огнен Ставрев го прекина судењето за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во април 2012 година затоа што еден од сведоците се онесвести.

Ахмет Бекир, сведок рибар, кој на 12 април 2012 година со уште тројца рибари ги слушнале истрелите и ги виделе како лежат мртви четирите момчиња кај Смилковското Езеро, се онесвести во судницата.

Бекир падна во бесвест кога по распитот од судијата, почна да го испрашува обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи. Таа на сведокот, кој патем кажа дека е со оштетен слух, му го предочи исказот од пред 6 години. Обвинителката Фетаи отиде пред него за да ја слуша подобро и го праша дали му треба столче. Тој пребледе и одби да седне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг