Трамп: Ким ми рече дека ќе го уништи големиот ракетен полигон

Макфакс

12/06/2018

12:53

1.423

Големина на фонт

а а а

Американските медиуми пренесуваат дека обврската на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун за денуклеаризација не била наведена во документот што го потпишаа двајцата лидери. Но, американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето пред новинарите го објасни тој момент.

„Се договоривме за тоа по потпишувањето на договорот“, рече Трамп додавајќи дека со потпишувањето на договорот Ким ја потврдил својата недвосмислена посветеност кон денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров и нагласи дека севернокорејскиот лидер сака да го направи тоа.

Трамп исто така истакна дека САД ќе стават крај на воените игри. Како што пренесе Си-ен-ен, американскиот претседател, најверојатно, мисли на воените вежби со Јужна Кореја, кои Пјонгјанг веќе долго време ги оценува како провокативни.

Исто така, Трамп рече дека се надева оти ќе може да ги повлече американските сили од Јужна Кореја кога ќе дојде време за тоа. Со прекинувањето на воените игри Трамп вели дека САД ќе заштедат огромна количина пари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг