Трамп и Ким се ракуваа: Севернокорејците воодушевени, Денис Родман почна да плаче...

Точка

12/06/2018

12:37

3.901

Големина на фонт

а а а

Поранешната НБА ѕвезда, Денис Родман се појави на програмата на „СиЕнЕн“ во живо за да даде поддршка за историската средба на американскиот и севернокорејскиот претседател во Сингапур.

Емотивниот Родман порача дека верувал дека Ким и Трамп ќе се сретнат кога сите мислеле дека тоа е невозможно.

Родман започна да плаче додека ги опишуваше своите чувства за средбата на двајцата претседатели и потсети колку многу критики добил кога го запознал Ким: „Им реков на сите, вратите ќе се отворат“.

„Неверојатно е, неверојатно, неверојатно. Кога ги реков тие работи, кога се вратив дома, добивав и смртни закани. Но, ја држев главата високо, знаев дека работите ќе се променат. Го знаев тоа, бев единствениот. Ги примив сите тие куршуми, а денес и натаму стојам. Денес е прекрасен ден за сите, за Сингапур, Токио, Кина, за сите. Тука сум за да го видам тоа. Многу сум среќен“, изјави Денис Родман.

Пред почетокот на самиот состанок, Доналд Трамп и Ким Јонг Ун се ракуваа, а реакцијата од салата каде што се наоѓаа претставниците на Северна Кореја и изненади сите, затоа што во тие моменти ракувањето беше проследено со воодушевување и громогласен аплауз.

Доналд Трамп и Ким Јонг Ун денес се сретнаа во Сингапур и според многумина, ова е историска средба. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг