Роберт де Ниро им се извини на Канаѓаните за однесувањето на неговиот претседател

Макфакс

11/06/2018

20:45

2.215

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Роберт де Ниро им се извини на граѓаните на Канада за, како што рече, идиотското однесување на неговиот претседател Доналд Трамп.

Тој присуствуваше на поставувањето темели на хотелот „Нобу“ во Торонто, каде порача дека забелешките на Трамп за Канада се срамни, извинувајќи му се на канадскиот премиер Џастин Трудо и на другите лидери кои присуствуваа на самитот на Г7. 

Претходно денеска и американскиот милијардер, Џорџ Сорос со критики кон американскиот претседател рече дека Трамп е ултимативен нарцис, кој се смета за семоќен и кој сака да го уништи светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг