Шок од Северна Кореја! Американските медиуми тврдат: Тие немаат поим каде се наоѓа Ким, а еве што им е главна вест

Точка

11/06/2018

15:46

6.287

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа дека целото светско внимание е насочено кон Сингапур и на историската средба меѓу Доналд Трамп и Ким Јонг Ун, престолнината на Северна Кореја сигурно е во исчекување, зарем не? Па, можеби би било така ако во Пјонгјанг знаат што се случува во Сингапур, наведува "AP".

Со малку извори на информирање освен државните медиуми, повеќето граѓани на Северна Кореја и натаму се "во мрак" кога станува збор за важниот, можеби и животно важен - настан, кој треба да се одигра надвор од нивната изолирана земја. 

Официјалните медиуми јавиле дека двајцата лидери треба да се состанат, но не дале многу детали, а не ја откриле ни локацијата, ни датумот на средбата.

Во неделата уште не било официјално потврдено дека Ким ја напуштил земјата и дека пристигнал во Сингапур.

Наместо тоа, ударните вести во Северна Кореја звучеле вообичаено - на пример веста дека Ким посетил ресторан за морска храна во Пјонгјанг.

Гласот сепак се проширил, така што извесноста на средбата на Ким и Трамп е "на радар" на граѓаните.

Самитот на лидерите на САД и Северна Кореја би можел да има крупни и директни последици по нивните животи, па природно е дека луѓето сакаат да бидат известени, наведува "AP", додавајќи, меѓутоа, дека без силни и независни медиуми точните вести се малку веројатни, додека претерувања и гласини веројатно има во изобилство.

Доколку ја следат својата вообичаена рутина, државните медиуми веројатно ќе почекаат самитот да заврши, па дури тогаш ќе го дадат првиот извештај.

Така, на пример, веста дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ја посетил Северна Кореја, се дознала дури наредниот ден, на насловната страна на "Родонг Шумун", гласило на владејачката партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг