Не ѝ беше лесно, но принцот Хари ѝ помогна на сопругата за да се справи со целата ситуација на кралската парада

Точка

11/06/2018

13:17

5.959

Големина на фонт

а а а

Судејќи по снимките кои го обиколија светот, на Меган Маркл воопшто не ѝ беше лесно за прв пат да стои на балконот на Бакингамската палата со останатите членови од кралското семејство. Војвотката од Сасекс беше многу нервоза, а нејзиниот сопруг, принцот Хари се обиде да ѝ ја олесни ситуацијата.

Додека кралицата Елизабета, Кејт, Вилијам, Чарлс и сите останати се веќе прилагодени на заедничките јавни појавувања, само се смешкаа и ги поздравуваа присутните, Меган не знаеше како да се однесува. 


Експертот за читање од усни откри дека Хари на сите можни начини се обиде да ја смири својата сопруга, па првенствено ја запраша дали е добро, на што таа нервозно му одговори "да". 


"Дали си тука?", го праша таа, на што тој одговори потврдно.

Подоцна се гледа како Хари ѝ вели на Меган: "А, кога ќе влезеш во тоа, ќе ти кажам повеќе подоцна", иако не се знае јасно за што зборуваа.


Неколку секунди подоцна тој додаде: "Ќе летаат над нас и сите ќе гледаме во небото", а таа му одговори: "Во ред".




Спонзорирани линкови

Маркетинг