Сорос остро го нападна Трамп: Тој е нарцис кој мисли дека е семоќен, подготвен е да го уништи светот

Точка

11/06/2018

12:10

1.701

Големина на фонт

а а а

Џорџ Сорос, контроверзниот унгарско-американски милијардер, инвеститор и либерален донатор, во најновото интервју остро го нападна американскиот претседател Доналд Трамп.

Сорос го опиша американскиот претседател како „ултимативен нарцис кој се смета за семоќен и кој што е подготвен да го уништи целиот свет“, пренесува британски „Дејли Мејл“.

Милијардерот смета дека американските Демократи ќе ги добијат генералните избори оваа есен и ќе остварат мнозинство во Конгресот и Сенатот, со што ќе започне постапката за отповикување на Трамп од претседателската должност.


Трамп и Сорос се во многу лоши односи уште од периодот на изборите во САД каде што Трамп ја победи Хилари Клинтон која што ја имаше поддршката на милијардерот со унгарско потекло.

Сорос беше донатор за кампањата на Хилари Клинтон, донираше повеќе од 10,5 милиони долари според податоците на Центарот за одговорна политика во Вашингтон. Како што минатата година објави "Wall Street Journal", Сорос загубил речиси една милијарда после превирањата на берзата по победата на Трамп.


Сорос, сосема разбирливо е разочаран од светските случувања во последните неколку години: „Се што можеше да тргне наопаку, тргна наопаку“.

Националистичката и протекционистичка политика на американскиот претседател Доналд Трамп е токму спротивна од глобалистичката и либерална политика за која што се залага Сорос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг