После успешната седмица завршена со роденденска прослава на сопругот, Ким Кардашијан позираше во пижами со своите деца

Точка

11/06/2018

10:54

3.411

Големина на фонт

а а а

После успешната активистичка акција за пуштање на слобода на Алис Мари Џонсон, Ким ја заврши својата недела во домашна атмосфера. Токму така во најблискиот круг на семејството Кардашијан - Вест го прославија роденденот на сопругот Каније Вест.

Најпознатата ријалити ѕвезда се пофали со роденденската торта која ја направила заедно со Норт и Сејнт. Ова семејство на скромен начин се одлучиле да го прослават 41 роденден на Каније. 


После вечерата која ја подготвиле во домот во Лос Анџелес, Ким објави фотографија на која е во придружба на своите деца. Додека бебето Чикаго е во прегратките на својата мајка, синот Сејнт гледа во Ким со насмевка, а најстарата Норт во нејзин стил позира пресреќна.


"Добредојдовте во добриот живот", напишала кратко Ким. На фотографијата е сосема без шминка и во пижами.


На сопругот му го честита роденденот објавувајќи фотографија со најмладата ќерка во прегратка, снимени додека патуваат со приватен авион.

"Среќен роденден драг мој! Беша луда година, но тука сме и животот е добар! Многу сум горда што се враќаш на музиката и ги исполнуваш соништата. Ме инспирираш толку многу што невозможното станува реалност, те сакам!", напиша Ким.

.

.




Спонзорирани линкови

Маркетинг