Кодексот за етичко однесување на пратениците на собраниска седница

Макфакс

11/06/2018

09:53

980

Големина на фонт

а а а

Пратениците на денешната 47. собраниска седница ќе го разгледаат Извештајот на Европската Комисија за Република Македонија за 2018 година.

На дневен ред на седницата се о Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на ОН „УНИФИЛ“ во Либан, како и измените на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измените и дополнувањата на Законот за акцизите, измените на Законот за трговија, како и измените и дополнувањата на Законот за работните односи.

Пратениците ќе дебатираат и за предлог измените на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, по измените на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, како и по предлог измените на Законот за државен пазарен инспекторат.

На седницата ќе биде разгледан и предлог – кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието, поднесен од Талат Џафери, Фросина Ташевска Ременски, Горан Мисовски, Драган Данев, Томислав Тунтев, Ејуп Алими, Африм Гаши, Сурија Рашиди и Мерал Узеири Ферати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг