Малта не прима никого, Франција ги брка од границите, Шпанија се брани со оружје: Од денес Италија им кажува „Не“ на мигрантите

Точка

11/06/2018

15:28

5.274

Големина на фонт

а а а

Италијанските нема да му дозволат на хуманитарниот брод со повеќе од 600 мигранти да пристигне до било кое италијанско пристаниште и побараа од Малта да ги отвори вратите за бродот.

Од Малта сепак го одбија барањето истакнувајќи дека државата нема никаква врска со операцијата за спасување на мигрантите, со што се зголемија шансите за отворање на дипломатски спор помеѓу двете земји членки на Европската унија.

Потегот на новиот италијански министер за внатрешни работи Матео Салвини кој што е прв човек на десничарската Лига е прв потег во остварувањето на предизборните ветувања дека ќе го запре приливот на мигранти во Италија.

„Малта не прима никого. Франција ги брка луѓето од границите, Шпанија ги брани своите граници со оружје. Од денес и Италија ќе започне да им кажува „Не“ на трговците со луѓе, ќе им кажува „Не“ на илегалните имигранти“, порача италијанскиот министер Салвини на Фејсбук.


Се проценува дека повеќе од 600 илјади мигранти пристигнале во Италија со бродови од Африка во последните пет години. Бројките драматично паднаа во последните неколку месеци, но се појавија и проблеми со спасување на мигранти во последниов период, а тоа беше првиот тест на Салвини откако стана министер.

„Мојата цел е да гарантирам мирен живот за младите луѓе во Африка и за нашите деца во Италија“, порача Салвини на Твитер употребувајќи го хаштагот „Ќе ги затвориме пристаништата“.

Од Европската хуманитарна организација „СОС Медитеран“ на Твитер соопштија дека нивниот спасувачки брод „Аквариус“ со 629 мигранти меѓу кои бремени жени и деца е пренасочен кон север кон „безбедните пристаништа“, не откривајќии каде поточно ќе заврши.


Рутата на бродот минува и во близина на Малта, но иако италијанските власти побарале од властите на Малта да ги отворат пристаништата и да ги прифатат мигрантите, се чини дека сепак тоа нема да се случи.

Хуманитарните бродови на невладините организации на Медитеранот служат да ги одвратат мигрантите да тргнуваат кон Европа со гумени чамци и сето тоа да заврши фатално.

Салвини ги обвини хуманитарните организации дека играат улога на „такси служба“ за мигрантите, а минатиот петок италијанскиот министер ги повика силите на НАТО да ѝ помогнат на Италија да ги одбрани јужните брегови на државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг