Леброн Џејмс го загуби финалето со Кливленд, а во текот на истото повторно на сцена се вратија дебатите околу тоа дали ѕвездата на Кавс е најдобар во историјата на кошарката, односно поквалитетен од легендарниот Мајкл Џордан.
За оваа дебата проговори и Чарлс Баркли, кој во свој стил кажа што мисли за прашањето: Џејмс или Џордан?
– Отсега па до крајот на животот, ќе му удрам шлаканица на секој кој ќе ми каже дека Леброн Џејмс е поголем од Мајкл Џордан. Ќе добие шлаканица веднаш, без објаснување. Следната личност која ќе дојде и ќе ми каже дека Леброн е неверојатен и игра како Џордан, ќе добие удар и јас ќе ризикувам да завршам на суд, – потенцирал лутиот Баркли.