Сите земји членки на „Г7“ со заедничко соопштение: Прв чекор и обид работите да се стабилизираат

Точка

10/06/2018

11:52

2.106

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Канада, Џастин Трудо соопшти дека сите земји членки на „Г7“ потпишале заедничко соопштение, без оглед на тензиите поврзани со САД и тарифите на челикот и алуминиумот.

Претходно, претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека заедничкото соопштение на сите земји членки на „Г7“ го претставува само првиот чекор и обид „работите да се стабилизираат“.

„Овој договор е добра вест и ја претставува заедничката желба работите да се стабилизираат. Сепак, не мислам дека со заедничкото соопштение сите проблеми се решени. Очигледно е дека во следните седмици и месеци ќе мора да продолжиме да работиме“, изјави првиот човек на Франција, Емануел Макрон.

Британската новинска агенција „Ројтерс“, претходно пренесе дека лидерите на „Г7“ земјите се на добар пат да се договорат за излагање со заедничко соопштение кое што ќе биде прочитано пред светот по завршувањето на самитот.


Неименувани извори блиски до францускиот претседател откриле дека делегацијата на САД не се согласувала со гледиштата на останатите земји, посебно кога станува збор за прашања од екологијата.

Истиот извор открил дека земјите на „Г7“ работеле на „релаксација на ситуацијата“ во областа на трговијата, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе тарифи на алуминиумот и челикот.