Кинескиот претседател доби руска сауна од Путин

Нетпрес

09/06/2018

12:38

1.149

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин на посетата во Кина му подари необичен подарок на неговиот домаќин Си Џинпинг.

Рускиот претседател Владимир Путин на Кинескиот претседател Си Џинпинг му подари оригинален и необичен подарок – вистинска руска сауна.

Путин вчера му го предал подарокот на домаќинот , а веќе денеска двајцата лидери потпишаа договор за основање нов инвестициски фонд со капацитет од 1,5 милијарди јуани ( 234 милиони американски долари). Преку овој фонд ќе им се овозможува финансиска поддршка на проектите во Русија и во Кина. Крајната цел е фондот да достигне капитал од 5 милијарди јуани.

Во делегацијата заедно со Путин на средбите со Си Џинпинг присуствува и Рускиот милијардер Олег Дерипаска , сопственик на најголемата компанија за производство на алуминиум.