Путин во Кина: Се сретнал со Кси Џинпинг, во руската делегација и тајкунот Дерипаска

Точка

08/06/2018

15:11

2.844

Големина на фонт

а а а

Се наведува дека Русија и Кина исто така настојуваат да ја засилат Шангајската организација за соработка, регионална организација која покрај нив собира уште шест азиски земји, а која овој викенд ќе одржи самит во Кина.

Рускиот претседател Владимир Путин се состанал денес со претседателот на Кина Кси Џинпинг во Пекинг, на почетокот на државата посета пред самитот на Шангајската организација за соработка, пренесува "AP". 

Се наведува дека на Путин му бил приреден официјален дочек во Големата салата на народот во центарот на Пекинг, по што се состанал со кинескиот премиер Ли Кечијанг, пред почетокот на разговорите со Кси.

Путин му рекол на Ли дека трговските и економските врски на Русија и Кина достигнале "добро темпо".

"Бараме нови сфери на соработка", му порачал Путин на премиерот на Кина.

Ли навел дека очекува билатералната трговија меѓу двете земји оваа година да достигне 100 милијарди долари и изразил подготвеност за проширување на соработката во традиционалните и новите сфери, вклучувајќи ја и нуклеарната енергија.

"AP" потсетува дека Русија и Кина одговориле на американската стратегија за национална безбедност во која двете држави се опишуваат како главни противници на САД, заложувајќи се за понатамошно проширување на економската, политичка и воена соработка.

Се наведува дека Русија и Кина исто така ќе настојуваат да ја засилат Шангајската организација за соработка, регионална организација која покрај нив собира уште шест азиски земји, а која овој викенд ќе одржи самит во Кина.

"Reuters" наведува, повикувајќи се на документи од Кремљ, дека во делегацијата на Путин се наоѓа и рускиот тајкун од секторот на алуминиум, Олег Дерипаска.

Министерството за финансии на САД во април оваа година вовело санкции против Дерипаска и неговите компании, вклучувајќи ја и "Русал", поради "малигните активности" на Русија.