Најмалку 11 повредени при голема експлозија во фабрика во Стразбур

Макфакс

06/06/2018

14:31

916

Големина на фонт

а а а

Утрово околу 9.30 часот се случила голема експлозија во фабрика во Стразбур, пренесоа француските медиуми.

Според најновите информации, најмалку 11 лица биле повредени, а три претрпеле сериозни повреди поради што се и во животна опасност.

Експлодирал силос за жито, а според првичните сознанија, експлозијата не била подметната. Речиси 70 пожарникари биле испратени на местото на настанот, а над областа се издигнува огромен облак од црн чад.

Локалните медиуми известуваат дека полицијата ја опколила областа и дека постои можност за нова експлозија.