СЈО и натаму ќе отвора истраги, порача Ленче Ристоска

Макфакс

05/06/2018

12:49

1.085

Големина на фонт

а а а

„Надлежноста на СЈО се надеваме дека ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигура дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа“, порача обвинителката Ленче Ристоска на конференцијата организирана од Институтот за европска политика ЕПИ, за поглавјето 23.

Таа рече дека имале голем број предистражни постапки со меѓународен елемент и сето тоа го одолговлекувало моментот за одлуки. „Иновативноста која ја донесе СЈО новиот концепт на работа, така ние за првпат ги промовиравме концептите на тимска работа и мултидисциплинарен пристап на истрагите. При еден ваков пристап мошне е важно да има инклузивност и соработка со сите институции. Најзначајната карактеристика на СЈО е токму автономијата. СЈО ги поседува потребните капацитети за борба против криминалот и реформите нема да бидат целосни ако не се опфати и СЈО“, рече Ристоска.

Ристоска изјави дека се задоволни што биле одобрени 15 обвинителни акти: „Имаме започнато судења за најголем дел од обвиненијата. Имаме пресуди за 14 обвинети лица“. „Надлежноста на СЈО се надеваме дека ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигура дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа“, изјави обвинителката.