Русија е заинтересирана за обединета Европа и не се обидува да ја подели, порача рускиот претседател, Владимир Путин.
„Немаме цел да предизвикаме поделба во Европската Унија. Напротив, ние сме заинтересирани за обединета и напредна ЕУ, затоа што ни е најважен економски и трговски партнер“, рекол Путин во интервју за „ОРФ“ непосредно пред посетата на Австрија.
Тој ги отфрлил обвинувањата дека поддржува националистички сили за да ја ослабне ЕУ одвнатре. „Немаме цел нешто или некого во ЕУ да ослабнеме“, рекол Путин.
Тој истакнал дека Русија, наместо тоа, е заинтересирана ЕУ да биде обединета и да се развива. Но, како што рекол, одлуката со кој конкретно земјата ќе соработува е нешто прагматично. „Се обидуваме да соработувме со оние кои јавно изразуваат желба да соработуваат со нас“, рекол Путин.