Кари погодуваше и рушеше рекорди: Голден Стејт поведе со 2:0 против Кливленд

Дерби

04/06/2018

16:21

2.339

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт Вориорс го растури тимот на Кливленд Кавалирс со резултат од 122:103 и поведе со 2:0 во финалната серија од разигрувањето за титулата. Иако Кливленд напаѓаше и успеваше да и се доближи на екипата на Голден Стејт, сепак тука беа разиграните Стеф Кари, Кевин Дурант и Клеј Томпсон.

Најдобар поединец во победничката екипа беше Стеф Кари кој постигна 33 поени, 7 скокови и 8 асистенции, а за потенцирање е новиот рекорд за постигнати тројки во финалната серија,дури 9 тројки, со кој успеа да го помине Реј Ален кој го држеше досега рекордот со 7 постигнати тројки на еден натпревар во финалната серија. Поддршка Кари имаше од Кевин Дурант со 26 поени и од Клеј Томпсон кој уфрли 20 поени.

Кај поразениот Кливленд Леброн Џејмс постигна 29 поени, 13 асистенции и 9 скокови, Кевин Лав додаде 22 поени и Џорџ Хил 15. Единствено за утеха на Леброн е што успеа да го помине Карим Абдул Џабар на вечната листа во НБА финалиња со вкупно постигнати преку 1327 поени. Сега Џејмс е втор на листата, а прв е Џери Вест за кој ќе му требаат уште 10 меча за да го помине вечниот на листата по постигнати поени.