Единствена Македонија: Успешно ја минавме руската обука и подготвени сме за преземање на власта

Макфакс

31/05/2018

16:18

2.900

Големина на фонт

а а а

Партијата Единствена Македонија преку соопштение го изрази задоволството од успешно завршената прва школа за обука на кадри за потребите на, како што велат, новата легална власт на партијата.

„Тридневната теоретска и практична обука под менторство на професорот Леонид Савин од Русија беше спроведена за 50 посетители утврдени според строги критериуми, согласно со задачите што ќе произлезат од новата власт на Единствена Македонија“, се наведува во партиското соопштение.

Оттаму додаваат и дека школата на Единствена Македонија за обука на кадри ќе функционира позасилено и во иднина, со цел обука на доволно кадри за големите потреби на органите на државната власт земајќи предвид дека, како што се наведува, претстои тешка работа бидејќи државата е уништена на политички, безбедносен, економски и социјален план.

„Република Македонија е држава во која се оди на полошо. По преземањето на власта мора заедно со народот да расчистиме со националните предавници и да ја направиме долгоочекуваната конфискација на украденото во криминалната и посткриминалната приватизација во кои се украдени повеќе од 10 милијарди евра во изминатите 27 години. Сето тоа ќе се спроведе според законите што ќе произлезат од новиот македонски устав. Единствена Македонија е уверена дека народот е спремен да го направи оној чекор што не го направи во изминатите 27 години. Во следниот период Единствена Македонија ќе ги победи погубните политики на партијата ‘Погреб за Македонија’ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Подготвени сме за преземање на власта“, стои во партиското соопштение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг