Ципрас: Преговорите за името на Македонија се тешки, но неопходни

Макфакс

30/05/2018

13:21

1.194

Големина на фонт

а а а

Преговорите помеѓу Македонија и Грција кои имаат за цел да го решат деценискиот спор за името се тешки, но неопходни. Ова го истакна премиерот на Грција, Алексис Ципрас, за време на годишната средба на грчката федерација на претпријатијата, пренесува „Катимерини“.

Ципрас изјави дека неговата влада ги водела преговорите со чувство на одговорност и патриотизам и изрази уверувањето дека треба да биде изнајдено решение.

„Токму од оваа позиција формираме нов имиџ за Грција на меѓународно ниво и ја зајакнуваме нејзината улога како столб на стабилност во регионот кој се врти во виорот на паралелни кризи“, изјави лидерот на владата во Атина, потсетувајќи на тензиите со Турција.

Пред неколку дена министрите за надворешни работи на Македонија и Грција соопштија дека го завршиле основиот круг од преговорите и дека последната фаза ќе ја водат премиерите на двете земји, кога претходно ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг