ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од половина влада за неспроведување на реформите

Макфакс

26/05/2018

14:16

930

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за финансии Драган Тевдовски и за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и министрите за здравство и економија Венко Филипче и Крешник Бектеши да поднесат оставки за неспроведување на реформите, баррат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот на партијата Александар Николовски денеска на прес-конференција рече дека „нон пејперот“ подготвен од земјите членки на ЕУ го потврдил тоа на што укажувале од опозицијата.

„Не треба да не чуди што влијателни земји како Франција, Холандија, Данска составуваат „нон пејпр“ во кој се спротивставуваат на давањето датум за почеток на преговори на Македонија во Јуни. Овие земји се пријатели, а не непријатели на Македонија. Тие само го констатираат она што Европската Комисија претходно го напиша, а владата не сакаше да го прочита, нешто за што и не ни треба извештај од Европската Унија за да го видиме. Граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат. Знаат добро граѓаните на Македонија дека реформи нема, дека напредок нема, дека економија тоне, криминал и рекет има на секој ќош, корупцијата цвета и има неформален брак помеѓу власта и нереформиораното судство каде власта на Заев ги пишува, а судот ги објавува политичките пресуди“, рече Николовски.

Тој додаде дека не треба да не чуди што во документот изработен од неколку земји членки на Европската Унија стои дека во однос на датум за почеток на преговори би се навратиле само и кога итните реформски приоритети ќе бидат исполнети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг