Владата тврди дека мнозинството е за влез на Македонија во ЕУ, Франција и Холандија подготвиле „нон пејпер“

Макфакс

26/05/2018

13:29

3.057

Големина на фонт

а а а

Мнозинството земји членки на ЕУ го поддржуваат почетокот на преговорите со Македонија, после решавање на спорот со Грција, тврдат од Владата по објавениот документ „нон пејпер“ кој кружи минативе две недели во Брисел, а како што дознаваме е подготвен од Франција и Холандија.

Овие две земји членки се скептици за датумот што Македонија треба да го добие во јуни и да ги отпочне преговорите за влез во Унијата.

Владата потврдува дека е факт оти постои дебата во ЕУ околу подготвеноста за ново проширување.

„Суштинските и коренити промени во земјата градат силни и услужни институции, праведна држава и силна економија за подобар живот на сите граѓани. Македонија е на вистинскиот пат, а темелните реформи се признаени и препознаени од цела Европа и од сите земји членки на ЕУ. Сите земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија треба да продолжи по овој пат и да го интензивира прогресот. За тоа говори и последната оценка на Европската Комисија со која Македонија е оценета за најдобра во регионот на Западниот Балкан и Турција за спроведување на препораките во економската програма за реформи“, е ставот на Владата.

Според нив Македонија после решавање на спорот околу името веднаш ќе стане членка на НАТО и со тоа уште позабрзано и поодлучно ќе ги отвори портите на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг