Груевски се огласи по пресудата: Доаѓаат подобри времиња

Макфакс

23/05/2018

16:41

8.851

Големина на фонт

а а а

Главата горе горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија, доаѓаат подобри времиња, порача експремиерот Никола Груевски кој денеска беше осуден на двегодишна затворска казна за набавка на „мерцедесот“ од 600.000 евра. Тој не беше присутен во судницата на изрекување на пресудата.

„Главата горе горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија. Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга. Вие одлучувате“, напиша Груевски на Фејсбук.

Груевски сподели и промотивно видео од кампањата за парламентарните избори што се одржаа во декември 2016 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг