Samsung повторно го исмејува Apple...

Точка

21/05/2018

20:01

5.787

Големина на фонт

а а а

Од јужнокорејската компанија им порачаа на корисниците на старите телефони на Apple дека е време за купување на нов паметен телефон - Galaxy.

Samsung во најновата реклама ја исмејува американската компанија поради неодамнешното избивање на скандалот околу намерното забавување на постарите модели на iPhone.

Имено, од Apple признаа дека намерно ги правеле постарите модели на iPhone побавни со апдејтирањето на iOS оперативниот систем, со цел да се спречи брзо празнење на батеријата поради новите апликации. Сепак, според многумина, Apple на овој начин ги мами своите корисници да се откажат од својот стар iPhone и да го купат најновиот модел.

Откако изби овој скандал, од Apple им понудија на корисниците замена на батериите на старите iPhone телефони по пристапна цена, а со новата софтверска надградба конечно им дадоа и можност на корисниците сами да одлучат дали да биде намалена брзината на нивниот телефон или не.

Сето ова го искористија од Samsung за на корисниците да им порачаат - наместо нов iPhone, да купат Galaxy и со тоа да ги заобиколат проблемите кои што може да им ги донесе бавниот паметен телефон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг