Вардарки со трофејот во Купот ставија крај на едно незаборавно поглавје во историјата на клубот

Дерби

20/05/2018

16:04

3.985

Големина на фонт

а а а

Ракометарките на ЖРК Вардар имаа болно простување во Лигата на шампионите откако во големото финале повторно загубија од Ѓер во тесен натпревар, но една недела по тешкиот викенд во Будимпешта, вардарки успеаја да ја доработат задачата на домашна сцена и со трофеј се простија од незаборавната етапа во Скопје.

Вардарки го победија ЖРК Металург со 46:24 во финалето и сосема очекувано стигнаа до својата шеста титула во националниот Куп на Македонија, а со освоениот трофеј ја спуштија завесата во оваа сезона и воедно ставија крај на авантурата наречена ЖРК Вардар.

Македонскиот шампион од наредната сезона ќе биде кадровски реконструиран и во првиот тим ќе има само млади ракометарки, а денеска членките на ѕвезедниот тим на Вардар со петта последователна титула во Купот и официјално заокружија едно поглавје во историјата на клубот кое никогаш нема да се повтори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг