Единствена Македонија: Срамна е изјавата на Заев дека Илинденското востание било за социјални права

Макфакс

20/05/2018

14:34

3.496

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев продолжува со секој свој чекор, со секоја своја изјава да ја срами Македонија и македонскиот народ, стои во денешното соопштение на политичката партија „Единствена Македонија“.

Оттаму велат дека вчерашната изјава на Заев по лидерската средба дека Илинденското востание било за социјални права, предизвикало потрес во македонската јавност.

„Со оваа срамна изјава Заев се обидува да го урне националниот карактер на Илинденското востание и борбата на илинденците во Османлиската држава да ја сведе на борба за социјални права, како на пример, за пензии, минимална плата, социјална помош, здравствено осигурување, за поголема цена на афионот, тутунот и слично“, се наведува во соопштението.

Од „Единствена Македонија“ велат дека нема да му дозволат на Зоран Заев да го доведе во прашање националниот карактер на Илинденското востание.

„Единствена Македонија и македонскиот народ никогаш нема да ја заборават жртвата на славните Илинденци, на храбрите Македонци кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на Македонија. Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје е најголем непријател на македонската држава. Ова мора да престане. Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, стои во партиското соопштение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг