Пронајдена е црната кутија: Ден на жалост во Куба поради 110 загинати лица во авионската несреќа

Точка

20/05/2018

11:22

2.728

Големина на фонт

а а а

Во Куба знамињата се спуштени на пола копје во знак на жалост поради авионската несреќа која се случи во петокот, каде загинаа 110 лица. Сега, официјалните извештаи наведуваат дека една од црните кутии е пронајдена и е во добра состојба.

Ова е најтешката несреќа во Куба која се има случено во последните три децении, бидејќи авионската несреќа ја преживеале само три жени, за чии животи се борат докторите во Хавана. 


Помеѓу 110 загинати, само пет биле деца и 102 биле државјани на Куба, соопштува црниот биланс на кубанскиот Министер за сообраќај, Адел Искијердо Родригез. Тој рекол дека помеѓу жртвите има многубројни туристи, двајца странски државјани и шест членови од екипажот од Мексико. Исто така потврдена е локацијата на црната кутија на авионот.


Семејствата на загинатите биле повикани за да ги идентификуваат телата и да дадат повеќе информации за нив. Мртовечницата денес ја посетил и кубанскиот претседател Мигел Диаз Канел, а синоќа го посетил и местото на несреќата.


Тој претходно соопштил дека формирана е специјална комисија која ќе ги утврдува причините за падот на авиониот.

"Боинг 737 во кој се наоѓаа 104 патници и шест членови на екипажот се сруши и изгоре во петокот набрзо после полетувањето од Меѓународниот аеродром "Хозе Марти" во Хавана. Истражителите ги прегледуваат остатоците од авионот за да пронајдат евентуални траги за причините на падот".


Времето било облачно и на аеродромот врнело дожд за време на несреќата, а кубанската државна телевизија јавува дека авионот бил стар 39 години и нагло свртел кон десно откако полетал кон градот Олгин, на истокот на Куба.


Државната авио компанија "Кубана де авијасион" има добар биланс на безбедност, но позната е по доцнењето и откажувањето на летовите, а многубројни авиони ги повлекла од сообраќај поради проблеми со нивно одржување во изминатите месеци, па била принудена да изнајмува чартер авиони од други компании.


Мексиканските власти соопштиле дека компанијата го изнајмила авионот од компанијата "Аеролинеаз Дамојх" чиј екипаж бил мексикански.




Спонзорирани линкови

Маркетинг