Фелипе Андерсон призна дека во Лацио не очекувале вакво нешто

Дерби

19/05/2018

14:03

1.976

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот интернационалец од редовите на Лацио, Фелипе Андерсон пред натпреварот со Интер призна дека не очекувале ваква сезона.

Небесно сините на „Олимпико“ против Интер ќе го играат клучниот натпревар од сезоната во кој мора да останат непоразени доколку сакаат да се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона.

- Во Лацио имаме сезона која никој не ја очекуваше и имаме шанса да се пласираме во Лигата на шампионите. Сигурно никој од нас не ни сонуваше дека баш со Интер ќе се бориме за четвртата позиција - коментираше Андерсон.

Фудбалерот од средниот ред со офанзивни карактеристики истакна дека по крајот на сезоната ќе седнат со челните лица на клубот за да дискутираат за неговата иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг