Голем професионалец: Де Фрај сака да игра против Интер!

Точка

18/05/2018

17:03

1.728

Големина на фонт

а а а

Италијанските медиуми пренесуваат дека Стефан Де Фрај денес на своите соиграчи од Лацио им порачал дека сака да игра на последниот натпревар од сезоната против Интер.

Како што е познато, Де Фрај на кого договорот со Лацио му истекува во јуни, веќе потпиша договор со Интер и од идната сезона ќе го носи дресот на миланскиот клуб.

Поради ова, навивачите на Лацио бараат Инзаги да го изостави холандскиот стопер на дуелот против Интер кој што е од голема важност за двете екипи, затоа што римскиот и миланскиот клуб во последното коло ќе е борат за пласман во Лигата на шампионите.

Сепак, Де Фрај наводно се сретнал со Имобиле, Пароло, Леива, Раду и капитенот Лулиќ и на своите соиграчи им порачал дека сака да игра против Интер, иако по крајот на сезоната ќе го напушти Рим и ќе се пресели во Милано.

„Знаете низ што се поминав во последните денови. Многу работи ми кажаа, но јас сакам да бидам со вас. Сакам да играм затоа што ова е премногу важен натпревар за клубот и затоа што сезоната сакам да ја завршам на најдобар начин“, наводно им рекол Де Фрај на своите соиграчи од Лацио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг