Турција организира самит поради убиствата во Палестина: Нема да дозволиме промена на статусот на Ерусалим

Точка

18/05/2018

16:01

2.340

Големина на фонт

а а а

Состанокот во Истанбул се одржува во моментите кога арапско-муслиманскиот свет е поделен во врска со реакциите кои што на крајот ќе овозможат носење на конкретни мерки против Израел.

Муслиманските земји мора да спречат и другите нации да ги префрлат своите амбасди во Ерусалим по примерот на САД, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на отворањето на вондредниот самит на Организацијата за исламска соработка.

Турција го свика самитот на муслиманските земји после убиството на над 60 Палестинци во Газа од страна на израелската армија кои што протестираа против преселувањето на американската амбасада во Ерусалим.


„Во завршната декларација ќе го нагласиме статусот на палестинското прашање за нашата заедница и ќе порачаме дека нема да дозволиме промена на статусот во тој историски град. Мора да спречиме и другите земји да не го следат примерот на САД“, порача Чавушоглу.

Самитот се одржува под покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул каде што е закажан и собир во знак на поддршка на Палестинците. Ердоган се наметна како предводник на критичарите на израелските операции во Газа, но се чини дека турскиот претседател едноставно нема авторитет пред сите муслимански земји, посебно пред моќните заливски држави.

Саудиска Арабија со своите сојузници и со Египет вооошто не му даваат поддршка на Ердоган, затоа што негодуваат на тоа што Турција ги финансира екстремистичките движења како Муслиманското братство. Тие се противат и на Турската поддршка на Катар.


Над 30 илјади Палестинци од април протестираат против израелската блокада и правото на Палестинците да се вратат на територијата од каде што биле протерани кога се основала модерната држава Израел.

Насилствата кулминираа во понеделникот кога САД свечено ја отвори амбасадата во Ерусалим, а насилните палестински демонстранти се судрија со израелските вооружени сили кои што одговорија со боева муниција, убија над 60 Палестинци и повредија над 2,400.



Спонзорирани линкови

Маркетинг