Вчера во Скопје 14 сообраќајни незгоди и 11 повредени

Макфакс

18/05/2018

12:55

997

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатиoт ден (17 мај), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 14 сообраќајни незгоди, од кои пет со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и три со материјална штета.

При сообраќајните незгоди пет лица добиле тешки телесни повреди и седум лица добиле лесни телесни повреди. 34 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 26 возачи бидејќи 14 го управувале возилото пред да стекнат право за управување моторно возило, двајца биле возачи почетници и 10 го управувале возилото под дејство на алкохол.

Седум возила се исклучени од сообраќај бидејќи шест биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Седум возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување пешаци, четворица неправилно се престроиле, тројца неправилно престигнувале и тројца не користеле заштитен шлем. Изминатиот ден не бил санциониран ниту еден пешак. Во текот на изминатиот ден издадени се 69 мандатни платни налози, а 44 возила се подигнати со „пајакот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг