Нејмар: Ова СП мора да биде мое

Макфакс

17/05/2018

14:47

1.053

Големина на фонт

а а а

Најдобриот бразилски фудбалер, капитенот на репрезентацијата, Нејмар, истакнал дека ја посакува титулата на Светското првенство во Русија.

Напаѓачот на ПСЖ со огромна доза самодоверба смета дека може да го однесе националниот тим до светската титула. Бразил последен пат бил светски првак во 2002 година.

„Мундијалот е најголемото натпреварување во светот, сакам да играм таму и да ја освојам титулата. Светското првенство мора да биде мое. Најмногу уживам кога сум на теренот“, рекол Нејмар за „Десимпедиос“.

Бразилецот сезоната, поради повреда на стапалото, ја заврши во февруари, неодамна го започна процесот на рехабилитација и верува дека ќе биде целосно подготвен за мундијалот.

„Започнав полека да работам и со топка, добро се чувствувам. Секако дека постои доза страв, па поради тоа внимателно работам“, дополнил фудбалерот на ПСЖ.

Бразил на Светското првенство во првата фаза ќе се натпреварува во Е-групата, во која уште се и Србија, Костарика и Швајцарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг